Владимир Нечаковски

Адвокат

М-р Владимир Нечаковски, адвокат, дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот ,, Св. Климент Охридски,, во Битола. Своето образование го продолжува на постдипломски студии на катедрата за Меѓународно право и меѓународни односи и по успешно завршување на постдипломските студии со среден просек 9.86 се стекнува  со титула Магистер по право. Неговото професионално искуство започнува во адвокатската канцеларија Ивановски во Битола, каде во периодот од 2014-2017 година работел како адвокатски приправник. Својата кариера ја продолжува како адвокат во адвокатското друштво Веритас од Битола каде што работи во периодот од 2017-2019 година. Започнувајќи од 01.10.2019 година е дел од адвокатскиот тим на адвокатската канцеларија Јосифовски од Скопје. Во рамките на адвокатската канцеларија Јосифовски, адвокатот Нечаковски работи е ангажиран во правните работи од областа на стопанското и стечајното право, право на друштва, имотното право и кривичното право во делот на кривичните дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.

Течно говори англиски и српски јазик.

Контакт: 076/428-384