Поле на работа

Побарајте адвокат кој својата практика ја фокусира на вашиот вид правно прашање. Нашата адвокатска канцеларија може да има програма за упатување.

  • Застапување и правен консалтинг од областа на трговското право;
  • Утврдување на правниот статус на менаџерите;
  • Изготвување на менаџерски договори;
  • Изготвување на сите видови договори од областа на трговското право;
  • Организирање на собрание на акционери;
  • Застапување на собрание на акционери
  • Заштита на акционерски права;
  • Зголемување и намалување на основна главнина на трговските друштва;
  • Статусни промени на трговските друштва;
  • Преобразба на трговски друштва од една во друга форма;
  • Подготовка на одлуки на Управни, Надзорни и Одбори на директори;
  • Решавање и посредување на спорови меѓу содружници во ДОО;
  • Изготвување на сите видови правни акти на трговските друштва;
  • Правен консалтинг на проблематика од Законот за трговските друштва;
  • Основање на сите видови на трговски друштва;
  • Големи зделки и зделки со заинтересирани страни согласно ЗТД.
  • Правен консалтинг од областа на казненото право;
  • Изготвување на правни мислења од областа на кривичното право;
  • Застапување во предкривична постапка, пред други органи, одбрана во првостепена и застапување по редовни и вонредни правни лекови;
  • Правна заштита и застапување на физички и правни лица за кривични дела против јавните финансии;
  • Правна заштита и застапување на физички и правни лица за кривични дела против платниот промет;
  • Правна заштита и застапување на физички и правни лица за кривични дела против стопанството и против службената должност
  • Кривично-правна заштита во постапки каде што се применувани посебни истражни мерки (ПИМ);
  • Застапување и правен колсалтинг од областа на работните односи
  • Застапување и правна заштита пред надлежните судови од областа на работните спорови
  • Изготвување на сите видови на акти на работодавач
  • Изготвување на договори за вработување
  • Спроведување на постапка за вработување на работник
  • Спроведување на постапка кај работодавач за откажување на работен однос
  • Спроведување и изготвување на сите акти во постапка за отказ од деловни причини
  • Изготвување на одлуки за отказ од деловни причини
  • Застапување во спорови за надомест на штета од работен однос
  • Застпување на спорови за неисплатени плати и разлики на плати
  • Преговарање за склучување на колективни договори на сите нивоа
  • Застапување и заштита на вработените од мобинг и дискриминација
  • Застапување и заштита на правата и интересите на физички лица во граѓанските спорови
  • Застапување и заштита на правни лица од земјата и странство пред судовите, органите на државната управа, избран суд- арбитража и меѓународен суд
  • Уредување и стекнување на право на сопственост на недвижности на домашни и странски физички и правни лица во земјата и странство
  • Уредување на наследни права
  • Семејно право
  • Остварување на побарувања по основ на надомест на штета
  • Имотно-правни односи
  • Застапување и заштита на правата на службеност
  • Застапување и заштита на правото на залог
  • Застапување и заштита на правото на реален товар и други стварни права
  • Изработка на финансиска анализа
  • Изготвување одлука за финансирање со хартии од вредност
  • Креирање на условите за емисија на хартии од вредност
  • Изработка на проспект, комплетирање на документација потребна за аплицирање и упис на новата емисија во трговскиот регистар
  • Правни и финансиски совети од областа на пазарот на капитал (пазарот на хартии од вредност) во Република Македонија
  • Посредување при пласман на хартии од вредност
  • Основање на сите видови овластени учесници на пазарот на хартии од вредност, со изготвување на сите потребни акти (статут, бизнис план, елаборат за основање, изјави, формулари и сите други неопходни акти согласно Законот за хартии од вредност, Законот за инвестициски фондови и подзаконските акти кои произлегуваат од наведените закони
  • Даночен колсалтинг
  • Колсалтинг услуги од доменот на банкарското право
  • Изготвување на внатрешна структура и дизајн (акти за внатрешна организација и систематизација на работни места врз основа на функционална анализа на организација
  • Изработка на програми за обука и стручен развој на вработени
  • Изработка на програми за кариерен развој на вработени
  • Спроведување на обуки за менаџмент (практики, тим билдинг)
  • Развој на стратешки менаџмент на човечки ресурси
  • Изработка на програма за менторство и обука на ментори
  • Воведување на стандард за квалитет Common Assessment Framework CAF
  • Изготвување програма за персонален менаџмент
  • Спроведување на истражување за задоволство од работа и посветеност
  • Обуки за развој на менаџмент вештини и компетенции за стратешка свест и лидерство, раководење со ефикасни тимови и развој на лична ефикасност
  • Развој на Општествено одговорна платформа (развој на политики, програми, проекти за Општествена одговорност на претпријатието (односи кон вработени)
  • Изработка и развој на интерни современи процедури и практики за управување со вработени