Симона Николовска Ѓорѓевиќ

Адвокат

М-р Симона Николовска Ѓорѓевиќ, адвокат, дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје во 2011 година, а магистрира во 2013 година на истиот факултет на насоката Казнено право со што се стекнала со звање Master оf Laws LL.M.

Своето професионално искуство го започнува во 2013 година како адвокатски приправник во Основниот суд Скопје 1 Скопје, по што во период од 2016 г. до 2020 г. својата кариера ја продолжува во невладиниот сектор и адвокатурата, работејќи како правник и адвокатски стручен соработник. Работното искуство во Адвокатската канцеларија Јосифовски го започнува во 2021 г. како адвокат.

Има учествувано на голем број на семинари, обуки и курсеви како што се: Вовед во Европската конвенција за човекови права и Европскиот суд, Медијација – вонсудско решавање на спорови, Европски младински парламент (EYP) и др., а има и своја публикација во рамки на проектот Civil Society for Effective Crime Assets Recovery организиран од CEDEM.

Посебен предмет на интерес и работа и претставуваат кривично право, трудово право и работни односи, право на сопственост, облигационо право и стопанско право.

Активно го владее англискот, шпанскиот и српскиот јазик.

Контакт:  071/278-120