Евгенија Ангелеска

Адвокат

Правниот систем влијае на речиси секој сегмент од нашето постоење во општеството. Адвокатите се столбот на тој систем, служејќи како водич за правилна примена на правото, со цел правна сигурност и обезбедување на максимална заштита на клиентите.

М- р Евгенија Ангелеска- адвокат, дипломира на Правниот факултет Јустинијан Први при универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 2016 година. Своите магистерски студии ги завршува на Правниот факултет Јустинијан Први при универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 2018 година, со што се стекнува со називот Магистер по граѓанско материјално и процесно право (Maser of Laws LL.M).

Своето професионално искуство го започнува во 2016 година, веднаш по завршувањето на додипломските студии, во адвокатска канцеларија во Скопје. По неколкугодишно професионално оспособување, во 2020 година го полага Правосудниот испит. По полагање на правосудниот испит, се стекнува со називот Адвокатски стручен соработник. На тимот на адвокатската канцеларија Јосифовски, се придружува во 2022 година, со единствено мото: ,,Non decistas, non exieris“.

Области на работа: Имотно право, семејно и наследно право, надомест на штета, заштита на правото на сопственост, изготвување на секаков вид на договори. Основање, статусни промени и други промени на трговски друштва. Информациски систем за градежно земјиште. Застапување пред државен завод за индустриска сопственост. Застапување пред судските инстанци на територија на Република Северна Македонија. Изготвување на апликации до Европски суд за човекови права.

Контакт: 078/268-321