Стевица Јосифовски

Основач

Стевица Јосифовски е роден е на 08.01.1973 во Гостивар, каде завршил средно образование. Дипломира на Правниот факултет во Скопје, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, во 1996 година.

Својата кариера ја започнал како практикант во Окружното јавно обвинителство во Скопје, за да ја продолжи во Основното јавно обвинителство во Гостивар. Во 1999 година, по полагањето на Правосудниот испит, започнал да работи како стручен соработник во тоа јавно обвинителство.

Од 2001 година работи во Министерството за економија во Скопје, тогашна Монополска управа, денес Комисија за заштита на конкуренцијата, како одговорен на одделението за донесување на одлуки. Работата во новооснованиот орган во правниот систем на РМ, му овозможува голем број на обуки во странство, со што се специјализира во областа на правото за заштита на конкуренцијата и спојувањата. Успешно ги води постапките против тогашните природни монополи, кои и понатаму настојуваа да ја задржат монополската позиција на пазарот, со анти-конкурентски делувања.

Од 2005 година го започнува својот ангажман во Македонски Телеком, како експерт за правни прашања во Секторот за регулатива. Еден период е раководител во Секторот, во делот на водење на регулативни постапки, за да од март 2010 година биде назначен за Директор на Секторот за правни работи, на тогашните две друштва- Македонски Телеком АД Скопје и Т-Мобиле АД Скопје.  Успешно ја извршува својата менаџерска функција, учествува во значителен број на Проекти во компанијата, а исто така посетува и голем број на обуки во земјата и странство, каде се стекнува со нови знаења и вештини, особено од областа на менаџментот.

Од компанијата заминува на почетокот на 2015 година, за да од април месец 2015 година започне со самостојно вршење на адвокатска дејност. За краток временски период создава една респектабилна Адвокатска Канцеларија, со млад и амбициозен тим, чие мото е: Експертиза, Доверба и Сигурност. Претпочита дискрецијата во извршување на адвокатската дејност да биде врвен приоритет на секој вработен, особено во релацијата со секој клиент. Полага големо внимание во континуираната обука на вработените, преку учество на обуки, семинари и работилници, пристап до различни бази на правни прописи, како и набавка на стручна литература.

Од февруари 2019 година е член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), а од септември истата година и Претседател на Комисијата при АЕК.

Неколку години успешно ја извршува и функцијата на која е особено горд- Претседател на Здружението на правници на РСМ, најстаро здржение во правната фела во државата.

Активно го владее англискиот јазик.